Тендерот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ повторно пропаѓа. Рокот истекува за неколку дена, но нема понуди. Власта сега одлучува, ќе го поништи ли тендерот или ќе ги продолжи роковите? Која од опциите ќе се избере, ќе се знае на некоја од наредните владини седници. Сепак овој пат не помогнаа ниту консултантските услуги на Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, која доби 100 илјади евра за да ја советува владата како да привлекува странски инвестиции, но и како да не пропаѓаат тендерите за „Чебрен“ и „Галиште“. Сме обврзани на доверливост во однос на нашиот ангажман како трансакциони советници. Можам само да кажам дека проектот е во завршна фаза и би се воздржал од било какви коментари со оглед на тоа дека проектот влегува во една критична фаза. Сепак информацијата на А1 официјално никој не ја потврдува - од министерството за економија велат, рокот истекува за неколку дена, до тогаш ќе се чекаат и понудите.
Тендерот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ повторно пропаѓа. Рокот истекува за неколку дена, но нема понуди - дознава А1.
Власта сега одлучува, ќе го поништи ли тендерот или ќе ги продолжи роковите? Која од опциите ќе се избере, ќе се знае на некоја од наредните владини седници.
Сепак овој пат не помогнаа ниту консултантските услуги на Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, која доби 100 илјади евра за да ја советува владата како да привлекува странски инвестиции, но и како да не пропаѓаат тендерите за „Чебрен“ и „Галиште“.
„Сме обврзани на доверливост во однос на нашиот ангажман како трансакциони советници. Можам само да кажам дека проектот е во завршна фаза и би се воздржал од било какви коментари со оглед на тоа дека проектот влегува во една критична фаза“, изјави Зоран Мартиновски, Директор на ИФЦ.
Сепак информацијата на А1 официјално никој не ја потврдува - од министерството за економија велат, рокот истекува за неколку дена, до тогаш ќе се чекаат и понудите.
Во трка за „Чебрен“ и „Галиште“ влегоа италијанската „ЕНЕЛ“, германската „РВЕ“ и австриски „Вербунд“, но ниту една не доставила понуда.
Неофицијално се дознава дека италијанците од „ЕНЕЛ“ не покажале голем интерес, слично како и Австријците од „Вербунд“, а Германците од „РВЕ“ запреле дел од проектите во југоисточна Европа.
Проектот „Чебрен“ и „Галиште“ вреден 700 милиони евра се најавува со децении но, и натаму останува само на хартија заглавен во тендерски постапки.
Во меѓувреме на терен речиси и да нема некоја друга посериозна инвестиција во енергетиката.